NEWSВести

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

Advertisement

Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски да не чекаат избори и да го исчистат градот сега, после избори, ситуацијата со хигиената е алармантна, порача кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски.

– Самиот премиер излегува со Орце Ѓорѓиевски и вели дека ќе го исчистат Градот Скопје за 72 часа ако победи нивниот кандидат. Зошто сега не го исчистат за 72 часа? Кандидатот за градоначалник на Град Скопје е претседател на ЗЕЛС. Управниот одбор и претседател на УО во ЈП Комунална хигиена се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Владата е предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Што ги спречува сега ЗЕЛС и Општините во Градот Скопје да прогласат една, условно кажано, вонредна состојба, а состојбата не условно, де факто е вонредна со хигиената во Град Скопје, да назначат повереници во ЈП Комунална хигиена, ако тој кадар од ДУИ или од Данела Арсовска не функционира, да му ги одземат ингеренциите, преку претседателот на ЗЕЛС градоначалниците во Град Скопје да спроведат акција. Се соочуваме со потенцијален екоцид, зошто не го исчистат градот сега? – прашува Ацевски.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button