CelebrityНовости

Ова била последната желба на Халид Бешлиќ – толку скромно, толку топло човечко барање!

Неговата сосетка Данијела, која го посетила во болница, откри во босански поткаст, дека токму во тие последни денови, пејачот имал само една едноставна, но длабоко симболична желба.

Advertisement

7 октомври 2025 година ќе остане запаметен како денот кога целиот регион, па и Балканот, загуби една од своите најтопли и најавтентични музички души. Пејачот Халид Бешлиќ, легендата на народната музика, почина по тешка болест, оставајќи зад себе дела што ќе живеат уште долго меѓу луѓето што го обожаваат.

Веста за неговата смрт ја потресе јавноста, но и покажа колку беше сакан и почитуван, не само поради неговата музика, туку и поради неговата едноставност и човечност.

Advertisement

До последен момент, Халид не престана да мисли на своето родно место и на скромниот живот кој секогаш го носеше во срцето. Неговата сосетка Данијела, која го посетила во болница, откри во босански поткаст, дека токму во тие последни денови, пејачот имал само една едноставна, но длабоко симболична желба: да вкуси плод од своето родно село Врапци. 

„Отидовме да го видиме, не знаејќи дека тоа ќе биде последен пат. Му однесовме крушка од неговиот имот, онаа што самиот ја посадил пред многу години.

Кога ја зеде во рака, лицето му се разведри, како да го има целиот свет на дланка. Тоа беше нешто што му значеше повеќе од сите богатства. Секогаш зборуваше за своето Врапци, за земјата и мирисот на детството. Веќе тогаш знаевме дека сме му ја исполниле последната желба,“ раскажа Данијела.

Advertisement

Халид, како што до денес раскажуваат неговите соседи, отсекогаш бил човек од народот – скромен, искрен и без ниту еден лош збор за другите.

Ден по неговата смрт, улиците на Сараево беа исполнети со тишина и музика. Илјадници граѓани се собраа во негова чест, заедно со неговиот син Дино, пријателите и колегите, пејќи ги неговите најпознати песни.

Халид Бешлиќ ќе биде погребан во понеделник, на 13 октомври, покрај вечното почивалиште на неговиот пријател и колега Кемал Монтењо. Комеморацијата ќе се одржи во Народно позориште во Сараево, а потоа и верската церемонија пред Беговата џамија.

Зад себе, Халид ја остави сопругата Сејда, со која беше во брак од 1977 година, љубов што многумина ја нарекуваа „песна без крај“.

Халид и Сејда, принтскрин јутјуб

Судбината, сепак, беше сурова, и двајцата во последните месеци се бореа со тешки болести, сместени на истото одделение на онкологија во Сараево.

Соседите откриваат дека нивните соби биле една до друга, а кога Сејда дознала дека Халид го изгубил животот, изговорила зборови што ги погодија  сите:

„И јас брзо ќе дојдат кај тебе, стари мој.“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button