Домашно слатко од лубеница по рецепт на Зорка – додадете ја оваа состојка за да се топи в уста
Кога животот ти дава лубеница, направи си слатко!

Вредната домаќинка Зорка Јанчева од Тиквешијата, сподели со нас еден навистина интересен и вкусен начин како од обичната кора на лубеница да се направи прекрасно слатко или мармалад.

Идеално е за со палачинки, може да си мачкате на леб, во комбинација и со путер, или да си сркате од слаткото со лажичка – се топи в уста!
Потребни состојки:
2 кг исчистена кора од лубеница
2 кг шеќер
1,1/2 л вода
2 лимона – тајната состојка на Зорка за незаборавен вкус
Advertisement
2 лажички ванилин шеќер

Подготовка:
Исечената кора од лубеница се вари по 4-5 минути во секоја од 4-5 води, со менување на водата секојпат. Откако ќе омекне, последната вода се истура, а кората се плакне со ладна вода.
Во тенџере се става шеќерот и се залива со количина вода колку што е потребно да ја покрие лубеницата. Се вари додека да добие убава, проѕирно-златна боја.
На крај се додаваат два изгмечени лимона (во варењето) и ванилиниот шеќер за мирис и вкус.
Откако ќе се свари, може да се изблендира дел за погуст мармалад или да се остави како традиционално слатко со парчиња.

„Ептен вкусно, мили мои!“ – вели Зорка.
Совршено за палачинки, кифлички или едноставно за уживање со шолја кафе.
