Пејачката драстично ослабена – новите фотографии ги изненадија сите, Ленче никогаш поубава (фото)
Победничката од „Никогаш не е доцна“, Ленче Кукиќ, наскоро ќе одржи голем концерт во убавото Владимирово

Блеска како никогаш досега
Нашата позната фолк-пејачка Ленче Кукиќ неодамна се појави на еден настан и со својот изглед сите ги изненади.
Имено, таа привлече големо внимание со својата трансформација и собра голем број комплименти за својот изглед.
Принтскрин/ Јутуб
Видно подослабена, Ленче блескаше во црниот фустан, полна со позитивна енергија зачинета со нејзината препознатлива насмевка.
Беше расположена и на фотографиите што ги објави на кои позираше со колегата музичар Игор Димовски.
Принтскрин/ Јутуб
„Прекрасна веселба со ‘Пауза за Ракија’ во Битола“, напиша Ленче под фотографијата што ја сподели на социјалните мрежи.
Како изгледаше, погледнете во продолжение:
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Потсетуваме, Кукиќ на 11 октомври (сабота) ќе одржи неколкучасовен концерт во рамките на културната манифестација Владимирска културна есен. Настанот ќе се случи во фестивалската сала Ванчо Чавдарски во Владимирово, а ќе настапи и харизматичниот хуморист Ранко Рангелов.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Покрај овој настан, Ленче неодамна го најави и своето гостување во Цофинген Швајцарија, пред нашите иселеници во оваа земја.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Станува збор за хуманитарен настан кој ќе се одржи на 18. Октомври, во организација на Илинден Радово.
Повеќе информации за овие настани побарајте на ФБ, а во продолжение потсетете се и на еден од нејзините најдобри настапи во популарното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, во кое што, пред неколку години, победи токму Ленче, а претходно и нејзиниот сопруг, Горан.