NEWSВестиПолитика

Искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Advertisement

Од СДСМ велат дека кампањата и изборниот процес секојдневно се нарушува со некакви инциденти, провокации или злоупотреби на институциите кои наместо за граѓаните се ставени во функција на ДПМНЕ.

„Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско.

Advertisement

Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди.

СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни.

Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти.

Advertisement

Бараме МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви, МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат.

СДСМ ќе продолжи достоинствено, мирно и храбро да ја води кампањата затоа што оваа борба е за нашата држава, за нашиот дом, за Македонија“, велат од СДСМ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button