NEWSВести

Османи во живо на Фејбук пред МРТВ: Јас дојдов на закажана дебата, Изет Меџити избега!

Advertisement

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска во живо се вклучи пред Македонската телевизија, каде што требаше да се одржи јавна дебата меѓу него и неговиот противкандидат. Османи соопшти дека, и покрај уредната покана од МРТВ, и потврда за негово присуство, поради тоа што неговиот противкандидат Изет Меџити не се појавил на закажаната дебата, таа е откажана.  

„Денес во 12 часот требаше да се одржи дебатата меѓу мене и мојот противкандидат. Бевме поканети сосема уредно, поканата од Македонската телевизија гласеше дека, дури и ако еден од кандидатите не дојде, столчето ќе остане празно. Јас дојдов и го ослободив терминот, ги откажав средбите со граѓаните, за тие да го видат соочувањето меѓу понудите“, изјави Османи и додаде дека граѓаните треба да оценат зашто Меџити избегал од дебата.

Advertisement

Тој истакна дека ваквото однесување е показател за односот кон јавноста и отсуството на храброст за аргументирана дебата.

„Сметам дека и Македонската телевизија треба да го испочитува зборот што го има напишано во поканата, дека доколку не дојде еден од кандидатите, ќе остане празното столче. Двајцата други кандидати прифатија, единствено Меџити не прифати“, потенцира Османи.

Османи додаде дека ќе продолжи и понатаму директно да се среќава со граѓаните, преку средби и разговори во секое маало, со јасна визија и програма за промената што, како што рече, доаѓа на 19 октомври.

Advertisement

„Промена која не бега од соочување, која има храброст да зборува за минатото, сегашноста и иднината — а не како оние кои се обидуваат да се кријат зад камерите“, рече Османи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button