NEWSВести

Парични казни за три градинки и едно училиште, уништени 83 килограми храна

Advertisement

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спровеле инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени биле 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.

За утврдените недоследности, како што велат од АХВ, издадени се девет решенија со наредби за нивно отстранување.

Advertisement

-Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за три градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна – информираат од АХВ.

Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.

Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа една парична казна и донесоа пет решенија со наредба за нивно отстранување.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button