CelebrityНаши ѕвезди

Капитенот стана татко, а Македонија го доби најслаткиот навивач – ќе биде ли Аја на мама или на тато?

Advertisement

Фудбалскиот репрезентативец и капитен на македонската репрезентација, Енис Барди, ја доби најубавата животна титула – стана татко!

Пред пристигнувањето во таборот на националниот тим, неговата сопруга Фестина на свет ја донесе нивната ќерка, која го доби прекрасното име Аја. Радосната вест самиот Барди ја сподели на својот официјален Инстаграм профил, каде објави фотографија и искрено ја сподели својата среќа со сите.

Advertisement

Честитки за овој значаен момент стигнаа и од неговиот клуб, турскиот Коњаспор, кој преку социјалните мрежи му посака многу љубов и среќа во новата животна улога. Со оваа преубава животна вест, Барди пристигна на подготовките со македонската репрезентација со насмевка и нова енергија. Како капитен и лидер, тој го одработи и тренингот со полн ентузијазам, а неговото татковство без сомнение ќе му биде силен мотив плус за натпреварот против Белгија кој се игра во петок.

Навивачите веруваат дека токму оваа нова животна радост ќе го инспирира Барди за блескава игра во црвено-жолтиот дрес. Честитки до семејството Барди – и добредојде на свет, мала Аја!

View this post on Instagram

 

Advertisement

A post shared by TÜMOSAN Konyaspor (@konyaspor)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button