Почина легендарниот фолк-пејач Халид Бешлиќ – последната песна ја посвети на оваа жена
Тажна вест

Балканската легенда на народна музика, Халид Бешлиќ, почина во 71. година од животот, пишува босанскиот портал Аваз.
Пејачот веќе некое време престојуваше во болница заради здравствен проблем каде беше под контрола на докторите.
Но за жал Беслиќ не успеа да ја добие оваа битка, а престојуваше на одделот на онкологија во клиничкиот центар во Сараево
Принтскрин/ Јутуб
На пејачот му се слоши пред месец дена за време на неговиот последен концерт во Бања Лука, а по направените прегледи беше префрлен на онкологија, пишуваат медиумите од соседството.
Неколку недели пред неговата смрт беше објавена песната посветена на неговата сопруга која му беше најголема потпора во животот.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Халид беше итно хоспитализиран во Универзитетскиот клинички цента во Сараево, каде е примен на нефрологија.
Заради здравствени проблеми беше приморан да го откаже концертот во Градачац кој беше закажан за 27 август.
Принтскрин/ Јутуб
Инаку, Халид веќе долги години се соочува со здравствени проблеми, посебно по тешката сообраќајна несреќа во 2009 година.
Инстаграм
Пејачот тогаш го изгуби окото и се здоби со тешка повреда на градите, а му беше вграден и стенд и се бори со дијабетес. Сите овие проблеми бараат континуирано внимание и грижа за здравјето.