Наши ѕвездиСтил

Еве зошто скопјани не можат да го тргнат погледот од русокосата Барбика кога ќе се појави на улица

Калтрина се прошета во опасно издание, нема некој што нема да се сврти кога таа ќе помине на улица

Advertisement

Русокосата убавица покажа дека има предобар стил, но и дека без проблем може да се прошета и во најпровокативните парчиња..

Калтрина Круезиу е позната по својот шарм и елеганција со кои привлекува внимание на социјалните мрежи.

Advertisement

Таа тоа го направи и сега, со своето последни изданија, покажувајќи дека не може да згреши кога е стилот во прашање, па дури и кога носи провокативни креации како што е оваа.

Инстаграм/ Калтрина Круезиу

Имено, Калтрина овој пат за едно вечерно излегување во нашиот главен град избра храбар и мошне атрактивен фустан.

Advertisement

Во прашање е поприлично куса и светкава креација, со интересно деколте кое го стави во фокусот овој дел од нејзиното тело.

Инстаграм/ Калтрина Круезиу

Фустанот ја истакна витата линија и нејзиното беспрекорно тело, а целото издание беше зачинето со високи чизми.

Инстаграм/ Калтрина Круезиу

Покрај чизмите, носеше и црни мрежести хулахопки, додека во рацете ѝ блескаше гламурозната чантичка.

Калтрина со ова свое издание уште еднаш покажа дека сака да експериментира со стиловите, но и да провоцира, впрочем како што тоа го направи и пред само неколку дена, со фустанот со големи прорези.

Инстаграм/ Калтрина Круезиу

Нејзиниот шарм и енергијата на фотографиите допринесуваат да изгледа уште позанесно и поубаво, за што сведочат и бројните лајкови и коментари што Калтрина ги добива под своите објави.

Инстаграм/ Калтрина Круезиу

Таа со ова издание уште еднаш потврди дека е наша вистинска модна икона и зошто многумина ја нарекуваат Барбика.

Но таа е и дама која ги инспирира жените да бидат самоуверени и да не се плашат да ја истакнат женственоста и сексапилот, посебно на еден ваков автентичен начин.

Инстаграм/ Калтрина Круезиу

Како изгледаше и во црниот фустан со големи отвори со кој исто така никого не остави рамнодушен, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button