Наши ѕвезди

За ова девојче од Австралија велат дека пее како легендарната Васка Илиева – и во право се!

Оваа млада девојка иако живее далеку од Македонија, ја обожава нашата народна музика и има снимено неколку песни.

Advertisement

Ќе се изненадите…

Младата пејачка Кајла К. Полека, но сигурно го остварува својот сон што од најмали нозе го сонува…

Advertisement

Таа обожава да пее македонски песни, а многумина за неа велат дека заради енергијата и бојата на гласот потсетува на Васка Илиева, легендарната македонска пејачка и наша фолк-икона.

Фејсбук/ Кајла К.

Ова секако и годи на младата пејачка која по потекло е Македонка, но родена во далечната Австралија, каде живее и денес.

Advertisement

Нејзините објави на социјалните мрежи бројат илјадници прегледи, а пред неколку недели испеа песна и за родното село на нејзиниот дедо и баба, Сирула, во нејзината песна „Личен Илија“.

Фејсбук/ Кајла К.

Таа сподели и фотографија на која носи македонска народна носија, а спотот беше снимен во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, во австралиско-новозеландската епархија на МПЦ.

Фејсбук/ Кајла К.

Како звучи Кајла во својата најнова песна и зошто сите се воодушевени кога ќе ја слушнат како пее, погледнете во продолжение:

Потсетуваме, Кајла е 16-годишна Македонка родена во Мелбурн, Австралија, која ја обожава македонската народна музика.

Фејсбук/ Кајла К.

Таа својата прва песна ја сними на 12 годишна возраст, а љубовта кон музиката ја наследила од својата баба Стојне.

Во продолжение погледнете неколку фотографии од нејзината австралиска школска полуматура, но и еден нејзин настап.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button