Македонката што триумфираше во музичкото шоу соопшти среќна вест – „рипна во тавче“, еве го и момчето
Пејачката сподели интимни фотографии од овој значаен момент во нејзиниот живот...

Пристигнуваат честитки од сите страни
На симпатичната Македонка Благица Ѕунѕуровска многумина се сеќаваат уште кога беше мало девојче, скромна и талентирана која со својот моќен глас триумфираше во шоуто „Некои нови клинци“.
Таа подоцна се појави и во „Ѕвездите на Гранд“, па потоа продолжи со својата соло кариера, а поприлично е активна и на Инстаграм.
Принтскрин
Но убавата Благица деновиве ги изненади сите и со фотографии од матичарот, откривајќи дека се заколнала не вечна љубов.
Неколку месеци претходно, Благица сподели детали и од запросувањето кога нејзиниот избраник, Горан Трајков, ја изненади.
Инстаграм/ Благица Трајков
Имено, момчето ја запроси пред своите пријатели моторџии, така што овој момент беше зачинет со звуци од мотори.
Тоа се случи на мото-собирот што се одржа во Бутел во јуни месец оваа година, а кога Благица и нејзиниот партнер пристигнаа, ја пречекаа големи балони на кои пишуваше „Ожени се со мене“, на англиски јазик.
Инстаграм/ Благица Трајков
Како изгледаше ова филмско запросување потсетете се тука, а во продолжение погледнете го и моментот кога Благица и официјално стана госпоѓа Трајков, наместо Ѕунѕуровска.
Инстаграм/ Благица Трајков
Потсетуваме, Благица имаше само 15 години кога победи во Некои нови клинци, а во „Ѕвездите на Гранд“ се појави на 18.
Инстаграм/ Благица Трајков
Но Благица тогаш не успеа да стигне до финалето и испадна во четвртиот круг, па во една пригода зборуваше отворено за ова нејзино искуство, откривајќи што и било понудено, но таа одбила.
Повеќе за ова прочитајте тука…