Спасен спречи „тепачка“ помеѓу Тоше Зафиров и Кристијан Голубовиќ? Хит снимка кружи на интернетот
Спасен Сиљаноски суди, Тоше Зафиров и Кристијан Голубовиќ излегоа на мегдан да си ја мерат силата

Е ова не сте го виделе досега
Поранешниот криминалец Кристијан Голубовиќ, кој сега е голема балканска ријалити ѕвезда, дојде во посета на Македонија.
Беше гостин во еден познат скопски ресторан, а таму се сретна со пејачот Спасен Сиљаноски и бодибилдерот Тоше Зафиров.
Принтскрин/ Фејсбук
И бидејќи не можеа а најдат заеднички јазик, решија да си ги измерат силите со буткање на рака, да видат кој е посилен.
Па така Тоше и Кристијан седнаа еден спроти друг, ги потпреа лактовите и почнаа да се туркаат, а Спасен им беше судија.
Принтскрин/ Фејсбук
Видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи, а Тоше го сподели на својот профил на социјалните мрежи.
Инаку, Кристијан многу пат има изјавено дека досега се уште не се појавил херој што ќе го бутне на рака, а како помина со најпознатиот македонски бодибилдер, погледнете од видеото во текстот.
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
„За малку избегната тепачка со Кристијан Голубовиќ. Конечно реванш и победа после неколку години. Кој не го познава Кристијан станува збор за навистина природно јак човек“, напиша Тоше во описот на видеото, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Потсетуваме, снимка со Кристијан сподели и Спасен на својот профил и во шега најави дека тој вечерта ќе му биде обезбедување.
Принтскрин/ Фејсбук
Тој потоа покажа дека со нив е и неговиот син Арсениј, кого Кристијан го најави како иден шампион во бокс.
Принтскрин/ Фејсбук
Како се забавуваше оваа весела дружина и кој победи во борбата помеѓу Тоше и Кристијан, погледнете во видеата во рамките на овој текст.