„Пробаа да ме срушат како домино“ – Антониа Гиговска остро им одговори на душманите

Антониа Гиговска уште еднаш покажа зошто важи за една од најголемите млади ѕвезди на македонската сцена.
На роденденот на „Бекстејџ“, каде што ја доби наградата за најдобра пејачка на годината, таа емотивно се обрати пред публиката и ја отвори душата.
„Бекстејџ е мојата најголема поддршка и тие се со мене од самиот почеток. Најголема поддршка се и моите родители, и оваа награда им ја посветувам ним и на мојата публика која секогаш стои зад мене. Многу, многу пробаа да ме срушат како домино, но јас сум силна жена. Ви благодарам од срце“, рече Антониа, добивајќи громогласен аплауз.

За свечената вечер таа избра бел елегантен фустан, а сцената ја освои и како солист и во дует со Пајак. Настапот и искрените зборови ја зацврстија нејзината позиција како уметница која знае да ја понесе својата сила и да ја сподели со својата публика.
Сите присутни беа едногласни – Антониа со оваа изјава и настап уште еднаш покажа дека е вистинска победничка и надвор од музичките сцени.