Елвир Мекиќ се врати во Македонија – Музиката e минато, еве со каков бизнис се занимава сега (Фото)

Пејачот Елвир Мекиќ, кој со години беше еден од најпопуларните имиња на македонската сцена, по подолго време се врати во Македонија.
Поводот беше роденденската прослава на „Бекстејџ“, каде се појави во друштво на своите колеги – Јован Јованов, кој допатува од Канада, Пајак и Иван Јованов.

Иако некогаш ги полнеше радиобрановите со хитови, денес Мекиќ има сосема нова професионална насока. Тој живее во Сараево со сопругата Лејла и со нивниот син Дарис, а таму успешно работи како дел од претставништво на позната македонска винарија. Со тоа, поранешниот пејач го замени микрофонот со виното, докажувајќи дека знае да успее и во светот на бизнисот.
Сепак, музиката не е целосно зад него – токму лани се врати на сцената со Пајак и го сними хитот „Негде после 2“, кој потсетува на неговата стара песна „Некаде после 2“. Ова дело неодамна ја освои наградата за урбан хит на годината, па Мекиќ доби признание дека неговата музика и понатаму има вредност и кај новите генерации.