Братот на музичарот што загина во пожарот во Кочани го истетовира неговиот лик – ќе го носи засекогаш!
Го напиша и името на познатата песна од „ДНК“

Братот на младиот музичар што загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го истетовира неговиот лик.
Димитар Ѓорѓиев, братот на тапанарот Џоко Ѓорѓиев од Струмица, која загина во пожарот во Кочани, го истетовира неговиот лик.
Тој направи голема тетоважа на раката со ликот на починатиот брат, а под неа го напиша насловот на песната „Животе брате“, една од најпознатите, но и најтажните песни на групата ДНК.
Инстаграм
Тетоважата е голема и ја зафаќа речиси целата подлактица, а во позадината се гледа и името на бендот со која настапуваше.
Димитар на овој начин сакаше трајно да ја одбележи поврзаноста што ја имаше со својот постар брат и да му оддаде почит.
Инстаграм
Инаку, пред неколку недели на социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледаше како Димитар удира на тапан во рамките на Струмица опен фестивал. Тој тогаш, заедно со уште седум свои колеги, кои исто така беа со тапани, му изразија почит со песна на загинатиот музичар (како изгледаше ова, погледнете тука).
Принтскрин, Фејсбук
Нивниот настап беше толку емотивен што никого не остави рамнодушен, снимка од настанот сподели и таткото на Џоко.

Потсетуваме, во страшниот пожар што пред шест месеци се случи во Кочани згаснаа животите на 62 млади
Трагедијата се случи за време на настап на музичката група ДНК, кога искри од пиротехниката го потпалиле таванот во дискотеката.
Инстаграм
Но и покрај тоа што запалениот дел беше веднаш забележан од публиката, но и од музичарите, огнот брзо се прошири, а паниката и тесниот излез од објектот предизвикале и стампедо.
Според обвинението за кое денес беше соопштено дека е одобрено во целост, објектот во кое се одржувал концертот не ги исполнувал ниту минимално техничките услови за вршење угостителска дејност. Немал одобрение за реконструкција, немал основен проект за реконструкција и елаборати како и посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, а не бил изработен и план и процена за заштита и спасување.
Инстаграм
Сето ова беше причина заради која се случи страшната несреќа која завеа во црно голем број семејства.
Меѓу загинатите се и осум членови од тимот на групата ДНК меѓу кои и младиот тапанар Џоко од Струмица..