NEWSВестиПолитика

Петрушевски: Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона-бизнис им го нудиш

Advertisement

СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат сè, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција.

Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е спремен да направи, договара, преговара и дополнително да ја понижува државата, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

„Венко Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш, кога веќе еднаш подметна француски предлог?

Дали преку таквата резолуција се нудиш како Заев што се нудеше своевремено?

СДС и Филипче мислат дека тоа што поминало еднаш, ќе помине и втор пат. Забораваат една работа, народот е мудар и не можат да го прелажат“.

Advertisement

Од километар се гледа, додава тој, намерата на Филипче и минирањето на македонските позиции.

Ако Венко Филипче е искрен, оцени Петрушевски, тој ќе застане зад позициите на Владата, а не од национални теми да прави шибицарски фори.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button