Раскошно деколте и црвен лак на ноктите – наша пејачка ПОЗИРАШЕ ЗАВОДЛИВО, ова сите го коментираат
Едноставна, но поприлично моќна комбинација

Пејачката во тренди издание
Нејзиниот изглед, но и позитивно расположение многумина го коментираат на социјалните мрежи.
Нашата позната фолк-пејачка, Елена Велевска, реши малку да се опушти, па со својата објава пријатно ги изненади сите.
Инстаграм/ Елена Велевска
Имено, таа позираше со насмевка на лицето, а со снимката што ја сподели никого не остави рамнодушен.
Најмногу внимание привлече нејзиното деколте, но и комбинезонот што ги носеше со кој ги освои и дамите.
Инстаграм/ Елена Велевска
Во прашање е тексас комбинезон со копчиња и кој создава визуелен впечаток како да носи фармерки и корсет.
Пејачката целото издание го заокружи со убава шминка и коса врзана во опашка, додека со накит не сакаше да претерува, туку носеше само нараквица, а маникирот ѝ беше во црвена боја.
Инстаграм/ Елена Велевска
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед и сите е согласни дека блеска.
Ова издание е одличен избор за многу пригоди, а можете да го носите и на ручек, шопинг или прошетка со пријателките.
Потсетуваме, Елена Велевска е една од најпознатите фолк-пејачки, а покрај своите музички хитови, привлекува внимание и со своите женствени комбинации што ги носи на настапите.
Инстаграм/ Елена Велевска
Таа ги следи трендовите, но и не се плаши да експериментира и да блесне во полн сјај, впрочем како што беше случајот и сега.
Инстаграм/ Елена Велевска
Во продолжение погледнете уште неколку изданија на оваа наша пејачка за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.