NEWSВестиПолитика

Сијарто: Бугарија ја блокира интеграцијата на Македонија, а никој не реагира

Advertisement

„Бугарите критикуваат, но имаат предуслови за Северна Македонија. Дали некој ги обвини Бугарите? Не, секако не. Тоа се двојни стандарди“, изјавил министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

„Европската комисија пред многу години му предложи на Европскиот совет да го отвори следниот кластер поглавја со Србија со цел да се продолжат преговорите за пристапување. И што се случи? Некои земји-членки не се согласија и одлуката не беше усвоена. Дали некој тогаш ги обвини за кршење на европското единство? Секако дека не. Грција ги блокираше преговорите за пристапување со Северна Македонија речиси една деценија. Дали некој ги обвини Грците за кршење на европското единство? Не. Сега Бугарите критикуваат, тие имаат некои предуслови. Дали некој ги обвини Бугарите? Не. Тоа се двојни стандарди“, изјавил Сијарто за Радио Телевизија Србија и го навел примерот со Украина.

Advertisement

„Дали некој што размислува разумно навистина верува дека Украина е во подобра позиција од Србија како кандидат? Дали некој сериозно верува дека Украина е поподготвена да се приклучи кон ЕУ од Србија? Дали некој сериозно верува дека Украина може да донесе повеќе придобивки за ЕУ ​​од Србија? Србија е многу поподготвена, е во подобра позиција и би донела повеќе придобивки ако стане членка на ЕУ. И што се случува? Србија е игнорирана кога станува збор за преговорите за пристапување, а Украина се турка напред. Тоа а е вистински скандал и е нешто што не треба да се случува“, додал унгарскиот министер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button