Хороскоп

Нервни сломови, разделби и страшни кризи – овие хороскопски знаци во октомври ќе се соочат со ужасни случки, еве што треба да направат

Иако октомври ќе биде бурен, астролозите нагласуваат дека токму тешките периоди носат можност за раст и лична трансформација. Доколку овие четири знаци успеат да останат смирени и истрајни, веќе следните месеци може да им донесат голема победа. 

Advertisement

Астролозите предвидуваат дека октомври 2025 нема да биде месец на мир и хармонија за сите. Особено тежок ќе биде за четири хороскопски знаци кои ќе се соочат со предизвици што ќе го допрат речиси секој сегмент од нивниот живот.

Еве кои се „несреќниците“ на астролистата.

Advertisement

Бик

Иако по природа мирни и трпеливи, Биковите во овој период ќе се чувствуваат нестабилно и несигурно. На работа се можни тензии со претпоставените и многу обврски кои нема да можат да ги извршат, а во љубовниот живот ќе биде потребно многу внимание за да се избегнат сериозни конфликти или раскинувања. Се тоа ќе ги истенчи нервите на Биковите, а многумина од нив ќе бидат на работ на нервен слом. Ѕвездите советуваат во овој период повеќе да слушате. Покажете понизност и трпение кон секој околу вас, така ќе избегнете директен конфликт. Има денови за мегдан, но овие не се тие денови.

Лав

Лавовите ги очекуваат големи финансиски потреси. Неочекувани трошоци или загуби може да го нарушат нивното чувство на сигурност. Дополнителни проблеми ќе донесат и недоразбирања во семејството. Најголем предизвик ќе им биде да не реагираат импулсивно и да носат одлуки со ладна глава. Ѕвездите ве советуваат да преспиете пред да кажете и направите нешто за што многу ќе се каете подоцна.

Скорпија

За Скорпиите октомври носи емоционални турбуленции. Можно е да се почувствуваат изневерени или недоволно разбрани од партнерот и најблиските. Расправиите и конфликтите ќе бидат речиси неизбежен дел од секојдневието, а нагомиланиот стрес може да се одрази и на нивното здравје. Затоа, клучно е енергијата да ја насочат во помирни и поконструктивни активности. Ѕвездите ве советуваат наместо на кавги, да се истрошите со спорт.

Advertisement

Водолија

Водолиите ќе имаат впечаток дека нивниот свет се руши на сите полиња, во сите сфери- од работа и пријателства до љубовни врски. Проблемите ќе се редат еден по друг, а најтешко ќе биде да ја задржат контролата и да не го изгубат верувањето во себе. Недостатокот на поддршка од околината може дополнително да ги оптовари. Ѕвездите советуваат дека некогаш е подобро да се остави луѓето да заминат отколку да останете во токсични релации, без разлика дали станува збор за пријател или за партнер, па дури и за работно место.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button