MAMAБебињаВестиНега и здравјеНовости

Убави вести за идните мајки: ГАК започнува со бесплатно безболно породување од утре

Advertisement

Од утре, 1 октомври, на родилките од Македонија ќе им биде достапно бесплатно обезболување при породување на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје (ГАК). Со ова идните родилки добиваат можност за едно побезболно и поубаво искуство.

Директорката на ГАК, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, во гостувањето во емисијата „Фактор Здравје“ истакна дека оваа новина е дел од современиот пристап на клиниката:

Advertisement

„За породувањето да биде едно подобро искуство на мајката, сметаме дека е исклучително важно секоја пациентка да има можност безболно да се породи на нашата клиника. ГАК е место каде што се извршуваат најспецифичните, понекогаш најсложени породувања, бидејќи под 32. недела се доаѓа кај нас и сè тоа носи еден страв и неизвесност. Затоа, сакаме на родилките да им пружиме современ и безбеден начин и да направиме породувањето да им остане во подобро сеќавање. Секако во согласност со најновите препораки коишто се и во светот, ние веќе од 1 октомври воведуваме секоја пациентка да има можност, доколку сака и доколку нема контраиндикации, да може безболно да се породи“ – рече директорката.

За процесот на обезболување зборуваше доц. д-р Дафина Караџова, специјалист анестезиолог на ГАК, во емисијата „Телма амбуланта“ која вели дека со спинална и епидурална анестезија може значително да се намали болката дури и до нула. Сепак, обично се остава лесно чувство на болка на ниво 2–3, за родилката да биде посоработлива.

Како дополнителна поддршка, ќе се возобнови и Школата за психофизичка подготовка на бремени, која работеше од 2003 година, но беше прекината за време на пандемијата. Целта е идните мајки да бидат подобро информирани и подготвени за самиот чин на породување.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button