„Ова ме јаде цел живот“ – Јелена Спенџарска ја отвори душата и проговори за својата борба (Видео)

Македонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска ретко зборува за своите лични дилеми, но овој пат преку видео на Инстаграм ја отвори душата и со јавноста сподели нешто што, како што вели, ја мачи цел нејзин живот.
„Зошто не знам да се радувам на сопствените успеси?“, искрено праша таа, признавајќи дека токму ова чувство ѝ создава притисок и сомнеж во себе уште од најмала возраст.
Advertisement
Иако зад себе има бројни професионални ангажмани, соработки со големи компании и контакти со луѓе од светот на медиумите и бизнисот, Спенџарска вели дека никогаш не умеела да се израдува на постигнатото.
„Бесплатни патувања, проекти кои ме направија да созреам за 100 години, финансиска поддршка со која ги исполнив сите свои соништа… и пак, во тоа не гледам успех. За мене успех е тоа што му се случува на некој друг – многу пари, многу моќ. А тоа е проблемот“, искрено призна Спенџарска.
Во видеото таа објасни дека нејзината приказна не е обид да се пофали со достигнатото, туку напротив – да покаже дека зад сјајот и бројните достигнувања често се кријат и внатрешни борби.
„Ова прашање ме јаде цел живот, секогаш ми создава чуден притисок, како нешто да не е во ред со мене,“ вели Спенџарска, оставајќи впечаток дека искреноста понекогаш може да биде најголемата сила.
@jelenaspendzarskaНешто многу искрено♬ original sound – Jelena Spendzarska