CelebrityНаши ѕвезди

„28 години без тебе, мајчичке…“ – Игор Џамбазов со трогателна порака за својата најголема загуба (Фото)

Advertisement

Македонскиот актер, писател и шоумен Игор Џамбазов уште еднаш ја потсети јавноста дека спомените и љубовта кон неговите родители никогаш не бледнеат.

На денешен ден се навршуваат 28 години од смртта на неговата мајка, легендарната актерка Анче Џамбазова.

Advertisement

По тој повод, Игор на социјалните мрежи сподели стара црно-бела фотографија, придружена со неколку зборови кои носат силна емоција: „28 години без тебе, мајчичке…“.

Тој ја дополни објавата со стихови од песната „Кога те нема“ на словенечката пејачка Хелена Благне:
„Те нема, а секаде те има, неизбежно те има, во себе си те носам“.

 

Advertisement
View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)


Анче Џамбазова почина на 30 септември 1997 година во Скопје, на само 55 години. Таа беше ќерка на големиот Петре Прличко и, по неговите стапки, стана едно од препознатливите лица на македонската сцена.

Публиката најмногу ја памети по улогите во филмот „Мирно лето“ и во серијата „Македонски народни приказни“.

Од бракот со композиторот Александар Џамбазов, Анче доби две деца – актерот и пејач Игор Џамбазов и архитектката Татјана Џамбазова.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button