Хороскоп

Направете го ова утре за збогатување и исцеление – го славиме заштитникот на сиромашните и болните

Свети Евмениј е почитуван како заштитник на сиромашните, на болните, на вдовиците и на сираците, а неговите чуда кои се случуваат и денес се познати надалеку.

Advertisement

Утре, 1 октомври, се сеќаваме и го празнуваме денот на чудотворецот Свети Евмениј.

Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит, е една од најсветлите личности на 7-от век. Роден во побожно семејство, уште од младоста ја напуштил приврзаноста кон материјалното и телесното. Сиот свој имот го раздал на бедните, болните и инвалидите, а телото го смирил со строг пост, подготвувајќи се најнапред себеси да го исцели, за потоа да може да биде извор на исцеление за другите.

Advertisement

Неговата бестрасност и длабоката вера го направиле светилник кој не можел да се сокрие од народот. Луѓето го препознале како човек полн со благодат и го избрале за епископ во Гортина. Како добар пастир, тој бил татко на сираците, богатство на бедните, утеха за ожалостените и исцелител на болните.

Со молитвата правел чуда: умртвувал отровни змии, изгонува демони и исцелувал болни, не само на Крит, туку и во Рим и во Тиваида, каде што со молитва донел дожд за време на суша. Таму и го завршил својот земен живот, преселувајќи се во вечната обител.

Свети Евмениј е почитуван како заштитник на сиромашните, на болните, на вдовиците и на сираците.

Advertisement

Верниците му се молат за здравје, за финансиска стабилност, за плодност на земјата и за избавување од природни непогоди, но и за внатрешна утеха и духовна сила.

принтскрин јутјуб

Неговата фигура останува симбол на добродетелство и самопожртвуваност, која ги надминува границите на времето и просторот.

На денот посветен на свети Евмениј, верниците најчесто се молат за своите ближни, особено за оние што се во неволја.

Се верува дека дел од милоста што тој ја покажувал во животот се прелева и денес врз секој што ќе му се обрати со искрена вера.

Народното предание вели дека за да биде молитвата услишана, треба на неговиот ден да се раздаде леб или овошје, како симболично учество во неговата несебичност.

принтскрин јутјуб

Во некои краишта постои обичај да се остави чаша вода пред вратата преку ноќ, со верување дека светецот ќе ја благослови и следниот ден таа вода ќе биде лековита за болните во домот.

Споменот на свети Евмениј е и потсетник дека делата на милосрдието и чистата вера секогаш носат плод и за оној што ги прави и за оние што се околу него.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button