Наши ѕвезди

Она што Поповиќ го направи за Мики Секуловски НЕ се заборава – оваа сцена ќе остане запаметена (видео)

Мики беше изненаден кога Поповиќ излезе на сцената и пред милионската публика почна да го имитира...

Advertisement

Низ „Гранд“ продукција која што ја создаде Саша Поповиќ имаат поминато и многу пејачи од Македонија.

Еден од нив е и Мики Секуловски, кој откако се појави во „Гранд“ повторно се врати на сцената и сега е еден од омилените пејачи.

Advertisement

Мики во „Ѕвездите на Гранд“ се пријави сосема случајно, откако неговата мајка ќе го наговори на тоа, а уште од првиот круг ги воодушеви сите, додека Поповиќ меѓу првите го препозна неговиот талент.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тогаш Мики заврши во тимот на Цеца Ражнатовиќ, и оваа негова одлука ќе биде една од најдобрите во животот.

Advertisement

По освоеното високо второ место во шоуто, Мики продолжи да соработува со Цеца и од тогаш настапува со неа на нејзините концерти.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Ова секако нема никогаш да и го заборави на својата некогашна менторка, но и на еден момент што му се случи додека се натпреваруваше, Мики ќе се сеќава цел живот, бидејќи сето ова му го промени животот.

Имено, Поповиќ кој почина на 1 март оваа година, на 71-годишна возраст, во една пригода реши да го имитира Мики.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој уште од првиот круг беше воодушевен од него и му порача дека може да биде голема ѕвезда, а потоа во една од следните емисии, се потсети на впечатоците пто му ги оставил кога се појавил.

Како што истакна тогаш Саша, кој дури и излезе на сцената за да покаже како Мики изгледал кога прв пат се појавил во популарното шоу, пејачот од Македонија пред милионската публика излегол потполно ноншалантно, како да се пета низ чаршија, а не пред милионска публика.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Поповиќ тогаш и го одглуми појавувањето на мики пред камерите, а со ова ги насмеа сите, а посебно Мики.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Е така излезе на сцената. Баш го гледав… Мики сега си ѕвезда, но само полека“, му порача тогаш Поповиќ на Мики, а како сето тоа изгледаше, потсетете се од видеото во продолжение:

Потсетуваме, шармантниот Мики во нашата земја е познат и по неговото учество во „Македонскиот идол“.

Тој тогаш имаше 22 години и ги воодушеви сите со својот моќен глас, а подоцна во животот, додека живееше во Белгија, учествуваше и во тамошната верзија на популарното музичко шоу „The Voice“.

Како Мики изгледаше и на оваа сцена, потсетете се тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button