„Ма не можам да работам“ – Ана Николиќ не се појави на свој настап, одлучи да се „начука“ во клуб

Популарната пејачка Ана Николиќ повторно предизвика хаос и револт кај публиката. Иако за настапот во клуб во Посушје, Босна и Херцеговина, картите беа распродадени во рекордно време, Николиќ не се појави на сцената.
Управата на клубот веднаш се огласи со соопштение во кое истакна дека пејачката еднострано го прекршила договорот, иако сите организациски услови биле исполнети. Публиката доби поврат на парите, а вечерта ја „спаси“ ди-џеј кој застана зад миксета.
Под притисок на јавноста, Николиќ се обрати на Инстаграм и призна дека ѝ се случува „распад на системот“: „Должам едно големо извини, прво на клубот, а потоа и на публиката. Јас повеќе не можам да работам, немам логистичка поддршка. Ми се случува распад на системот. Ќе направам концерт кога ќе имам нормална екипа. Ви ветувам дека ќе надоместам“.

Но, додека во БиХ ја чекаа, Николиќ всушност била во Белград – на настапот на Бобан Рајовиќ, каде со пријателите славела роденден. Во преполн локал уживала со шампањ, наздравувала и дури запеала неколку песни, што предизвикало еуфорија кај присутните.
Ова не е првпат Николиќ да откаже концерт во последен момент, слична ситуација имаше и летово во Црна Гора, каде на денот на настапот реши да не се појави.
View this post on Instagram