Ова беше посебен ден за целото семејство на Ѓоко Јовиќ – пристигнуваат честитки, пејачот никогаш посреќен
Ова беше посебен ден за прослава во нивниот дом

Важи за еден од омилените пејачи..
Ѓоко Јовиќ е еден од омилените пејачи во Македонија, и тоа не само кај своите обожаватели, туку и меѓу колегите.
Тој важи за семеен човек, а од бракот со неговата сопруга Ивана има четири деца кои се нивното најголемо богатство.
Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Тоа впрочем може да го забележиме и од социјалните мрежи каде пејачот често споделува моменти и од својот приватен живот, а сега имаше и дополнителна причина да го направи тоа.
Имено, Ѓоко славеше роденден, па сподели како неговите најблиски, но и бројни пријатели му го честитаа истиот.
Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Но секако најубавите честитки ги доби од своите најмили, а најмалиот од нив и му ја испеа роденденската песничка на увце.
На социјалните мрежи се огласи и неговата сопруга, која со емотивни зборови му се обрати и му го разубави денот.
Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
„Нека ти е најсреќен роденденот, Секогаш уживај во животот“, му порача неговата сакана сопруга со романтична фотографија.
Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
„Среќен роденден татичко, те сакам најмногу“, сподели и неговата ќеркичка Теодора со уште една преубава фотографија..
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Потсетуваме, Ѓоко од бракот со Ивана има четири деца – ќерката Теодора и синовите Дарин, Јоан и Михаил.
Тој неколку пати има истакнато дека неговите деца се талентирани за музика, но и дека со сопругата отсекогаш сакале големо и среќно семејство, а ова нивна најголема желба Бог очигледно им ја исполни, Така што во нивната куќа постојано е весело, посебно во едни вакви радосни моменти.