Светот е мал – Бијонсе во приватен авион со познатиот македонски презентер, интернетот „гори“ (фото)

Спасе Јовановски одамна не е само лицето што ја презентира временската прогноза на ТВ Сител. Иако токму таму го запознавме, со неговата ведрина и шарм, денес тој е многу повеќе од тоа. Спасе е симбол на позитивна енергија, чувство за хумор и современ пристап кон медиумите и социјалните мрежи.
На Инстаграм, ТикТок и особено на Фејсбук е познат под прекарот „Рола до бола“. Неговите објави редовно собираат големо внимание и реакции, а публиката го сака токму поради неговата искреност, спонтаност и способност да насмее. Веќе подолго време е и редовен сопатник на водителката Лила Филиповска на нејзините патувања ширум светот. Од егзотични плажи до гламурозни метрополи, Спасе секогаш знае како да го пренесе духот на моментот и да ја доближи авантурата до следбениците.
Во последно време, тој се појавува и во нова улога како водител на свој подкаст на Јутјуб. Со природен и непосреден пристап, Спасе отвора разговори на различни теми и внесува свежина во домашната дигитална сцена. Публиката со задоволство го следи, бидејќи секогаш знае да ја најде вистинската мерка меѓу сериозното и забавното.
Особено внимание привлече неговата последна објава на Фејсбук, а на која објави фотографија со поп-иконата Бијонсе. Се разбира, станува збор за монтажна слика, направена со помош на вештачка интелигенција, според популарен тренд на интернет. На сликата, Бијонсе го носи Спасе со приватен авион, а тој духовито напиша: „Бијонсе ме носи дома, исчистете ја пистата. Фала.“
Овој тренд, кој станува сè поприсутен на социјалните мрежи, користи алатки со вештачка интелигенција за да се креираат забавни и често комични фотографии со славни личности. Целта е чиста забава и креативност, а Спасе совршено се снаоѓа во таа атмосфера.