Хороскоп

Воздржете се од ова утре, за да ве услиша големата светителка – ќе ви се откријат многу вистини

Света Ефимија е утеха за сите кои бараат сила да се спротивстават на неправдите, како и за оние кои ја бараат светлината на вистината.

Advertisement

Во православната традиција, името на Света великомаченица Ефимија од Халкидон се издигнува како симбол на чистота, вера и непоколебливост.

Родена во благочестиво семејство, од татко сенатор и мајка полна со добрина, таа уште од својата младост се воспитувала во духот на христијанството. Била девица не само по тело, туку и по душа, подготвена да ја жртвува својата младост и убавина заради Христа.

Advertisement

Во време на прогонот против христијаните, кога проконзулот Приск нареди принесување жртви на идолот Арес, многумина верници беа откриени и изведени на суд. Меѓу нив беше и Ефимија.

принтскрин јујтуб

И покрај тоа што ѝ било понудено големо богатство, таа не се поколеба и остана цврста во својата вера. Била подложена на ужасни мачења, го преживеала тркалото со ножеви што ангел Божји го скршил пред очите на неверниците, огнена печка што не ја повредила, ров исполнет со отрови и змии што ги победила со  крсниот знак. На крајот, била фрлена пред диви ѕверови, но и тие ја поштедиле, освен еден кој ја ранил по нозете. Од таа рана таа го предаде својот дух и премина во вечната радост.

По нејзиното мачеништво, родителите чесно го погребале нејзиното тело, а гробот станал место на молитви, но и на чудотворни исцеленија.

Advertisement

Во храмот посветен на Ефимија подоцна се одржа Четвртиот вселенски собор, каде што токму преку нејзините мошти беше потврдена православната исповед на верата. Чудото, кога свитокот со вистинското учење се најде во нејзината десница, ја прослави како застапничка на вистината и чуварка на верата.

принтскрин јујтуб

На што е заштитничка?

Света Ефимија се почитува како небесна покровителка на оние што се соочуваат со искушенија и духовни сомнежи.

Таа е утеха за сите кои бараат сила да се спротивстават на неправдите, како и за оние кои ја бараат светлината на вистината.

Нејзиното застапништво се чувствува особено во мигови кога човекот се наоѓа меѓу заблуда и вистина.

Што треба да направите утре во чест на Ефимија

принтскрин јујтуб

Милостина кон сиромашните и грижа за болни се дела што се сметаат за најголем дар во нејзина чест.

Но на денот на Ефимија треба да се воздржиме од празнословие, односно од оговарање и празни зборови, и да го посветиме времето на смирена молитва кон светицата која брзо ги услишува молитвите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button