CelebrityНаши ѕвезди

Жива сензација – Јанко со македонска песна ги „натера“ Грците да заиграат и запеат (Видео)

Advertisement

Јанко Пенафорт, харизматичниот Колумбиец кој одамна ги освои срцата на македонската публика, повторно го привлече вниманието со својот талент и неисцрпна енергија. Заедно со својата музичка група, која живее и твори во Македонија, веќе подолго време претставуваат уникатен амбасадор на македонската песна пред светот.

Познати по тоа што со голема љубов ја негуваат и ја промовираат македонската музика, Јанко и неговите пријатели во последниот период станаа вистинска сензација на социјалните мрежи. Нивните вклучувања во живо, полни со музика, емоции и дружба, се следат од луѓе од сите континенти.

Advertisement

Овојпат, Јанко повторно докажа дека неговата харизма и магичната енергија на македонската песна немаат граници. За време на едно од неговите онлајн вклучувања, група млади Грци не останаа рамнодушни на звуците и со голема радост запеаја и заиграа на македонската музика.

Ваквите моменти уште еднаш потврдуваат дека Јанко е непроценлив мост помеѓу културите и народите. Тој со огромен ентузијазам и безрезервна љубов кон Македонија секојдневно ја шири македонската музичка традиција и ја прави позната на глобално ниво.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button