Вистинска драма – Карлеуша направила хаос пред куќата на Вики додека Цеца ѝ била на гости (Видео)

За време на коментарите на жирито на настапот на младата кандидатка Дарија Баноџа во „Ѕвездите на Пинк“, Јелена Карлеуша откри необична анегдота од минатото која ја изненади публиката.
Таа објасни дека во времето кога со Вики Миљковиќ биле сосетки, една забележала дим од куќата на Миљковиќ.
„Ѝ ѕвонам на врата, а таа беше со кумата со која јас не зборувам. Не сакаше да отвори. Мислев дека куќата ѝ гори и преку ограда пуштив црево со вода. А тие, всушност, готвеле со котле. Наместо да ми се заблагодарат, ги испрскав и нив и храната“, рече Карлеуша, додавајќи дека Вики никогаш не ѝ се заблагодарила за „добрата комшиска намера“.
Атмосферата во студиото стана уште повесела кога се вмеша Десингерица: „Замисли Вики и Цеца како готват со котле, а Јелена ги прска со црево од другата страна“.
Карлеуша дополнително објасни: „Сè би дала тогаш да се снимаше од другата страна, да видиме што рекоа тие две. Тоа би било антологија“.
Карлеуша овој пат ги премина сите граници – и Цеца изненадена, ова ни на сон не го очекуваше (видео)