Теодора Џехверовиќ искешира половина милион евра на луксуз – Дубаи ѝ е новиот дом? (Фото)

Пејачката Теодора Џехверовиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со својот луксузен животен стил. Таа неодамна купи нов дуплекс стан во Београд на води за кој, според информациите, издвојила околу 400.000 евра, а сега првпат откри детали од внатрешноста.
Џехверовиќ на Инстаграм покажа дел од бањата, која ѝ е уредена по најсовремени стандарди. Просторот е доминиран со мермер, додека славините се обложени со златен сјај. Во близина на модерната када се наоѓа специјално дизајнирана даска со бела, мека бањарска гарнитура, што остава впечаток на раскош и елеганција.

Според извор близок до пејачката, Џехверовиќ одамна сонувала да живее во оваа елитна белградска населба. Тоа бил мотив да работи напорно и да заштеди, сè додека не си го овозможила својот стан од соништата. Дополнително, добила и попуст од продавачот кој признал дека е нејзин обожавател. Покрај станот, пејачката купила и две паркинг-места во гаражата.
„Теодора сака секој детаљ да биде совршен, па ангажирала архитект и дизајнер на ентериер. Масата од мермер е нарачана од Албанија, фотелјите од јагнешка кожа доаѓаат од Турција, а најмногу внимание посветила на бањата, каде што има специјално дизајниран мијалник и хидромасажна када,“ изјави изворот.
Иако станот сè уште не е целосно уреден, пејачката веќе има нова амбиција. Таа на социјалните мрежи откри дека следната нејзина цел е некретнина во Дубаи, каде што планира да инвестира во блиска иднина.

Познатата фолкерка направи хаос со еден клик на социјалните мрежи – што и требаше ова?!