CelebrityTVНаши ѕвезди

Боки 13 открива детали за здравјето – „ќе живеам со доживотен инвалидитет, но се борам“

Јовановски откри дека и денес е под терапија и дека последиците од здравствените проблеми ќе ги носи засекогаш.

Advertisement

Нашиот познат шоумен Бојан Јовановски, попознат во јавноста како Боки 13, по долги години повторно го посети Белград и за српските медиуми отворено проговори на повеќе теми.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Една од нив беше и темата за здравствените проблеми, за личните борби, но и за емотивните ветувања кои ги исполни.

Advertisement

„После десетина години стигнав во Белград вака, а во медиумите сум после 14-15 години“, изјави Боки, откривајќи дека годините зад решетки оставиле длабоки траги врз неговото здравје, пишува „Србија данас.“

Јовановски откри дека и денес е под терапија и дека последиците од здравствените проблеми ќе ги носи засекогаш.

„Под терапија сум, се смеевме затоа што имам ќесе со лекови како некоја баба. Сега сум со доживотен инвалидитет, но се борам, работам и важно е духот да е добар“, изјави тој, истакнувајќи дека и покрај сите предизвици останува оптимист.

Advertisement

За време на престојот во Белград, еден од најемотивните моменти за Боки била посетата на гробот на познатата Марина Туцаковиќ, текстописец, со која имал долгогодишно пријателство.

„Големо олеснување чувствувам што ја посетив. Си ветив во затвор, на денот кога почина, дека штом ќе станам слободен граѓанин, прво ќе одам на нејзиниот гроб. Сега, за жал, и на гробот на Лаќа. Тоа ветување што си го дадов, го исполнив. Почувствував мир, бидејќи секогаш кога доаѓав во Белград, прво одев кај Марина дома, па потоа во хотел“, раскажа Боки за српски „Блиц“.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој додаде дека Марина го научила на важни животни лекции:

„Ништо не треба да се форсира, треба да се пуштат работите да течат и сè што треба да се случи – ќе се случи. Беше голема оптимистка, пријателка и мајка. Додека бев во затвор, комунициравме, ја знаев секоја нејзина мака. Најтежок ден таму ми беше кога имаше погреб, а јас не можев да ја испратам.“

За српските медиуми Боки откри дека и понатаму е во контакт со сопругот на Марина, Александар Радуловиќ Фута.

„Работи, се врати во студио и оди на состаноци. Драго ми е што повторно се посвети на музиката. Тој изгуби сè што имаше, но мора да продолжи, да најде утеха“, вели Боки.

Голема поддршка во најтешките времиња му била пејачката Лепа Лукиќ, која била покрај него додека се соочувал со најголемите животни предизвици.

Гламур.мк претходно пишуваше за гостувањето на Боки 13 во популарното шоу на водителот Огњен Амиџиќ, „Ами-Џи шоу“ , каде за првпат раскажа пикантерии што претходеа на неговото апсење.

принтскрин/ТВ Пинк

„Во тоа време опозицијата беше моја опција, јас сум директен виновник за шарената револуција во Македонија и морам да признаам дека бев будала, мислевме дека ја менуваме владата во тоа време со намера сè да биде подобро, а оние што дојдоа потоа всушност беа ‘гладни и жедни’, користеа сè што можеше да се искористи“, рече Боки во емисијата додавајќи дека многу им верувал на луѓето и дека играл игри таму каде што не требало.

„Бев сведок кога еден бизнисмен мораше да плати 2.500.000 евра за да не бидат објавени неговите разговори што немаа никаква врска со политиката“, откри Боки 13 во Ами-Џи шоу. Целиот текст може да го прочитате – ТУКА. 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button