Наши ѕвезди

На Јордан денес му се роди син, на христијанскиот празник Крстовден: „Господ нека дарува радост во секој дом“

Најубавата вест за денес

Advertisement

Познатиот македонски фолк-пејач по втор пат се оствари во улога на родител на голем христијански празник

Сопругата на пејачот Јордан Митев, Славица Митева, се породи и роди машко дете на кое родителите му дадоа преубаво име.

Advertisement

Среќната вест на својот Фејсбук ја сподели Јордан, пресреќен што неговиот наследник се роди на овој убав ден.

Принтскрин/ Јутуб

„Почитувани фанови и пријатели, денес на овој убав ден Крстовден се роди нашиот син Кристијан. Господ нека дарува радост во секој дом“, напиша популарниот пејач на својот Фејсбук профил.

Advertisement

Потсетуваме, Јордан пред две години додека беше на турнеја во Австралија, го доби своето прво дете.

Фејсбук/ Јордан Митев

Тогаш неговата сопруга Славица, која е родена во Австралија, ја роди нивната ќерка на која и го дада името Кристина.

Принтскрин/ Јутуб

Две години подоцна, се роди и нивниот син, така што по втор пат се остварија во улога на родители и тоа на празникот Крстовден.

Фејсбук/ Јордан Митев

Во една пригода Јордан откри дека името Кристина за нивната ќерка го избрале како желба на неговата сопруга.

„Името Кристина беше повеќе желба на сопругата бидејќи кога ја крстиле Славица тоа било избор на нејзините родители, а во предлозите за нејзино име било и името Кристина. Почувствував дека на некој начин тоа и било голема желба бидејќи знаеше така од време на време да ми го спомне името Кристина. Затоа сакав да и се исполни желбата. Секако и за мене тоа е убаво женско име со големо христијанско значење“, откри во една пригода Јордан во интервју за Гламур магазин.

Фејсбук/ Јордан Митев

Инаку, Кристина е старо и убаво име за девојчиња и важи за традиционално христијанско или „библиско“ женско име.

Ова секако се однесува и на машката верзија на името Кристијан, е од латинско потекло, изведено од зборот “Christianus”, што значи “следбеник на Христос” или “припадник на Христа”,кој верува во Бог.

Името е поврзано со христијанството и ја симболизира верата во Исус Христос. Тоа е популарно име во многу земји и култури низ светот, често давано како израз на религиозни убедувања или семејна традиција. Претставува силно и традиционално име со длабоко духовно значење.

Во продолжение погледнете и како изгледа сопругата на Јордан, Славица, која денес му роди син…

Фејсбук/ Јордан Митев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button