Наши ѕвезди

Ова е ќерката на легендарниот Ристо Шишков – Трифун Костовски сподели историска фотографија

Познатиот бизнисмен ги изненади сите со објавата...

Advertisement

Изложба од фотографии посветени на легендарниот Ристо Шишков во кафе “Тафталиџе” Историска фотографија со ќерката на Ристо – Јоана, каде даваме почит на македонскиот РАМБО – Ристо Шишков, напиша понатиот бизнисмен под фотографијата на социјалните мрежи.

Ќерката на нашиот починат актер Ристо Шишков, Јоана Шишкова, вчера ја отвори изложбата посветена на својот татко.

На социјалните мрежи се појави и фотографија од настанот на која Јоана е со бизнисменот Трифун Костовски, додека во позадината се гледаат професионалните фотографии со великанот на македонското театарско и филмско глумиште, Ристо Шишков.

Advertisement

Инстаграм/ Јоана Шишкова

Јоана Шишкова – Медаровска имаше само шест години кога нејзиниот татко почина, во 1986 година.

Таа за разлика од своите родители, Ристо Шишков и примабалерината на Македонската опера и балет, Зорица Пуровска Велевска, наместо на сцена, се чувствува подобро зад неа.

Advertisement

Инстаграм/ Трифун Костовски

Имено, Јоана е љубителка на пишаниот збор и досега има напишано неколку книги, а актер беше и нејзиниот постар брат.

Но за жал и нејзиниот брат Васил Шишков, кој исто така ќе остане запаметен по бројни улоги, починува многу млад.

Инстаграм/ Јоана Шишкова

Неговиот живот згаснува на приближна возраст како и на неговиот татко, на 21 декември 2014 година.

Потсетуваме, Ристо Шишков е роден на 23 март 1940 година во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, а умира на 17 јули 1986 година.

Инстаграм/ Јоана Шишкова

Ристо Шишков во 1979 година е обвинет за навреда на српски и хрватски артисти, исто како и на Тито.

Принтскрин/ Јутјуб

Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 година заминува во затвор, а умира по кратко боледување по излегувањето од затворот во Идризово, на 46 годишна возраст..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joana Siskova (@shishkovajoana)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button