Прв настап на гитаристот од ДНК кој го преживеа пожарот – Господ му даде втора шанса, но болката останува
Несреќата засекогаш ќе остави траги во неговата душа, посебно заради драгите колеги и пријатели...

„Тажен сум за сите загинати“, напиша Горан по излегување од болницата во која помина два месеци по несреќата…
Гитарист Горан Тонев заедно со Владимир Блажев – Панчо и придружниот вокал Ана Костадиновска се единствените од составот на ДНК кои го преживееја пожарот во дискотеката во Кочани.
Младиот гитарист од Штип во несреќата се здоби со тешки повреди по што беше префрлен на лекување во болница во Солун.
Фејсбук/ Горан Тонев
Горан во оваа болница помина два месеци, а по враќањето во својот роден град сподели фотографија од болницата.
Тој тогаш им се заблагодари на сите во болницата кои се грижеа за неговото здравје, но и на Господ што му даде втора шанса.
Инстаграм/ Сабатини
Истовремено изрази и голема жалост и тага за несреќата во која што загинаа ногу млади луѓе, меѓу кои и неговите колеги.
„Моите чувства се измешани – колку што сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, сподели тогаш Горан.
Инстаграм/ Сабатини
Неколку месеци подоцна, шест месеци по несреќата, Горан го имаше и својот прв настап со гитарата во еден бар.
Тој се уште има на себе заводи, како на раката, така и на главата, но и преголема волја и желба повторно да ѝ се врати на својата најголема љубов во животот, а тоа е секако музиката.
Инстаграм/ Сабатини
Неговиот настап во еден бар во Штип ги израдува неговите најблиски, но и сите пријатели, кои се среќни што го гледаат на сцена
Инстаграм/ Сабатини
Потсетуваме, Горан има дипломирано на Музичката академија во Штип, а во 2020 година настапи и на Макфест.
Тој во 2021 година ќе се натпреварува и во „Ѕвездите на Гранд“, а ќе биде во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Повеќе за ова прочитајте тука…