Како правилно се пости за Крстовден – дури и верниците знаат да згрешат на ова
Преку постот се смируваат страстите - сластољубие и стомакоугодие.

Крстовден е голем православен празник кој се одбележува двапати во годината, зимскиот на 18 јануари и есенскиот на 27 септември. Во чест на Чесниот крст, верниците овој ден го празнуваат со строг пост и посебни обичаи.
Духовен и телесен пост
Постот на Крстовден има две димензии, духовна и телесна.
Духовниот пост е поважен и подразбира воздржување од лоши мисли и дела, негување на љубов, мир, слога и трпение.
Како се пости на есенскиот Крстовден?
Многумина мислат дека телесниот пост на овој ден се состои само во избегнување храна од животинско потекло и масло, но тука „грешат“ дури и верниците.
На Крстовден постот е строг, дозволени се исклучиво сирови намирници од растително потекло или само леб и вода, и тоа еднаш дневно – во деветиот час (околу 15 часот попладне).
Advertisement
На овој начин, преку постот се смируваат страстите – сластољубие и стомакоугодие.

Познат е обичајот да се внесе босилек во домот на овој ден.
Но, има уште еден важен обичај – токму на овој празник куќата да се среди и „подготви за зима“, што го издвојува Крстовден од другите празници со црвено слово кога домашни работи не се дозволени.
За Крстовден треба да се вкуси и грозје, бидејќи ова овошје е симбол на слатка победа, плодност и изобилство, а се верува дека оние што го јадат на овој празник привлекуваат среќа и благосостојба.