FashionМодни советиТрендови

Есенското модно лудило стигна и кај нас – девојките позајмуваат од татковците и момчињата, би го носеле ли ова? 

Девојките веќе ги пребаруваат плакарите на татковците и момчињата поради овој моден детаљ, натпреварувајќи се која ќе го искомбинира поубаво. Колку лудилото ќе ги збудале Македонките?

Advertisement

Веќе пристигна и во Македонија, па по некоја девојка веќе може да се види на улиците „облечена“ во она што оваа есен ќе биде апсолутен тренд.

Јасно е, секојдневниот стил често зависи од малите детали што можат целосно да го трансформираат изгледот. Но оваа есен, модните инсајдери предлагаат нешто сосема неочекувано:

Advertisement

употребете вратоврска наместо ремен!

Да, добро прочитавте. Традиционалниот машки моден аксесоар, наместо околу врат, сега се носи околу струкот. И тоа го носат девојки, па дури и жени.

принтскрин инстаграм

Без разлика дали ќе ја врзете преку фармерки, сукња или дури палто, вратоврската веднаш му дава уникатен и урбан печат на целокупниот аутфит.

Advertisement

Најдобрата вест е што веројатно веќе ја имате дома, во плакарот на татко ви, брат ви, момчето или сопругот.

принтскрин инстаграм

Како да ја носите вратоврската како ремен?

Вратоврските отсекогаш биле симбол на стил и бунтовен дух. Сега нивната улога се проширува.

Одберете модел што ви одговара – свилена вратоврска за елеганција, волнена за топол изглед, или широка за ретро изглед.

Можете да ја заврзете со класичен јазол или во полабава верзија, а најсмелите можат да експериментираат и со две вратоврски истовремено. Ефектот е загарантиран.

принтскрин инстаграм

Комбинирајте ја со предимензионирани палта или кошули за да го нагласите струкот.

Одберете контрастни бои за впечатлив изглед.

Играјте си и со материјалите – свилата додава луксуз, волната дава топлина и карактер.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button