Млад човек изградил куќа среде шума за помалку од 3.500 евра: Користел дрво, мов и свои раце

Бјорн Брентон, 23-годишен шведски јутјубер кој моментално живее во Украина, посветил една година на необичен проект, градејќи куќа во средината на шумата со свои раце, за помалку од 3.000 фунти (околу 3.500 евра)
На својот Јутјуб канал, кој има 280.000 следбеници, Бјорн го документирал секој чекор, од подготовка на теренот до поставување на ѕидовите и покривот. Како што вели тој, работата на оваа евтина куќа станала многу повеќе од обичен проект:
– Работам на дрвената колиба секој ден без пауза, бидејќи тоа стана мој начин на живот – изјави тој за Luxury Property News.
Бјорн ги нашол повеќето материјали на својата парцела. За конструкцијата користел дрвја, додека мов користел како природна изолација. Трошел пари само на она што не можел да го најде во природата, шајки, гориво и основни потреби.
Досега, изградбата го чинела помеѓу 2.222 и 2.962 фунти, а најголемата инвестиција била покривот, кој барал дополнителни инвестиции за заштита и изолација на куќата.
Најтешкиот дел од работата
Сепак, не помина сè непречено. Најтешкиот дел од изградбата била изградбата на ѕидот, која барала многу трпение и физичка сила.