Експерт открива какво е долгорочното влијание на ботоксот – една близначка го користела, а другата не
Новата научна студија ќе ве замисли дали и колку често да се подмладувате.

Идентични близначки покажаа што значи 20 години третман со ботокс, наспроти целосно избегнување на ботокс.
Една од близначките редовно користела ботокс две децении, додека другата никогаш не се подложила на третман со ботокс.
Близначките учествувале во научна студија каде што едната сестра, почнувајќи од својата 25 година, примала по две до три инјекции годишно, додека другата воопшто не користела ботокс.
Ботоксот, медицински познат како ботулински токсин, покрај козметичката примена за измазнување на брчки и пополнување на линии на лицето, се користи и за лекување на мускулна вкочанетост, мигрена и други состојби.
Близначките не воделе идентичен живот: онаа без ботокс живеела во Минхен, Германија, додека другата која користела ботокс живеела во Лос Анџелес, каде што била повеќе изложена на УВ-зраци, што само по себе влијае на кожата.
Според студијата, сестрата што користела ботокс имала помазна кожа и помалку брчки, од другата сестра близначка. Но, не е се така прекрасно…

Козметичкиот хирург д-р Џејмс Зинс, зборувајќи за долгорочното влијание, предупредил дека долгогодишната употреба на ботокс може да ги ослабне мускулите бидејќи токсинот ја блокира комуникацијата меѓу нервите и мускулното ткиво.
А, ако мускулите не се користат, тие ослабуваат и можат дури и да атрофираат, што може да доведе до „ослабување или парализа на тој мускул“.
Според експертот, мускулите со текот на времето дури можат да „заборават“ како да гестикулираат, па затоа истакнува дека и при користење на ботокс мора да се направи подолга пауза за мускулите повторно да проработат природно.
Секако, колку и да се обидуваме да се бориме против процесот на стареење, времето останува непоразено.

Хирургот предупредил дека со возраста ефектот на ботоксот се намалува, резултатите се послаби, а по 60-тата година, кога брчките веќе се видливи и во мирување, третманите немаат исто дејство како во младоста.
„Можете да бегате од времето некое време, – заклучил д-р Зинс, „но на крајот часовникот секогаш ќе ве стигне.“