Родителите во шок од она што го пишува во учебникот по македонски јазик – има ли пилот во образованието?!
Позната српска фолк-пејачка заврши во учебник за седмо одделение по македонски јазик, родителите гледаат и не можат да поверуваат...

Пример со нејзиното лице даден со и без филтри важи за илустрација на жена со и без шминка.
Пејачката Снежана Ѓуришиќ заврши на страниците на учебниците во Македонија што предизвика револт кај многумина.
Имено, таа заврши на една страница на еден учебник за седмо одделение на македонски јазик и наменет за учениците во Македонија, а овој скандал предизвика големо внимание и во регионот.
Принтскрин/ е-учебници.мон.гов.мк
На сликата што кружеше на социјалните мрежи се гледа како изгледа пејачката без шминка и со неа, и ја споредуваат разликата.
Овој пример е искористен како илустрација на тоа како изгледа вистински, но и дигитално обработена информација, а истата е искористена како објаснување за тоа што значи штетна информација.
Принтскрин/ е-учебници.мон.гов.мк
Станува збор за фотографии што во една пригода Снежана сама ги има споделено на социјалните мрежи.
Пејачката со истите сакаше да покаже како изглед во природно издание, но и дека нема проблем да се фотографира без шминка.
Инстаграм/ Снежана Ѓуришиќ
Следуваше бура од реакции на социјалните мрежи од страна на родителите, кои негодуваа заради несоодветниот пример.
Инаку, станува збор за вест која пред неколку месеци беше објавена во српските медиуми, откако пејачката сама сподели снимка на која е без филтри за разубавување и со која ги изненади сите.
Инстаграм/ Снежана Ѓуришиќ
По оваа нејзина објава многумина коментираа дека пејачката и без шминка изгледа убаво, па доби и бројни пораки со поддршка.
„Природна дама во секоја смисла“, „Убавината доаѓа од самодовербата“, а таа ја има, беа само некои од овие коментари.
Но ова секако не беше споменато во школскиот учебник, кој според многумина е одлиен пример за тоа како не треба да изгледа еден учебник, посебно не по македонски јазик за седмо одделение.
Принтскрин/ е-учебници.мон.гов.мк
„Ало, има ли пилот во образованието?!“
Еве некои од коментарите што можат да се прочитаат на социјалните мрежи по објавената вест од страна на порталот Скопје1.
„Добро на Десингерица не им текнало, може авторите се од повозрасна генерација“, „Има од што да учат децата, прост народ силна држава“, „Браво само така дури и малку е. Требало и Кемиш и Зорица Брунцлиќ да ги стават за изучување“, „Цела среќа што ќерка ми е 8-мо одделение, а син ми 2 година средно, па нема да ја учат лекцијата“, „Ало, има ли пилот во образованието?!“, „Ќе си го бараме нашето некогашно образование“.
Па, што мислите на оваа тема?