Наум Петрески сподели среќна вест со која ги израдува обожавателите – ова е неговата „канцеларија“
Наскоро нешто ново од нашиот славеј?

Пејачот ги изненади своите обожаватели
Познатиот фолк-пејач Наум Петрески на своите профили на социјалните мрежи сподели вест со која ги израдува фановите.
Имено, нашиот славеј откри дека посветено работи на нови песни кои наскоро би требало да се појават во етерот.
Фејсбук/ Наум Петрески
И покрај бројните настапи, Наум вредно работи и во студиото, па овој пат сподели и фотка од својата „канцеларија“.
„Ете малку да попееме новитети. Поздрав до сите мои фанови и пријатели“, напиша Наум во описот на објавата.
Фејсбук/ Наум Петрески
Потсетуваме, Наум веќе со децении важи за еден од најдобрите пејачи на народна музика во Македонија.
Неговиот препознатлив и моќен глас никого не остава рамнодушен, така што веќе со години им е омилен на многу генерации.
Фејсбук/ Наум Петрески
Кариерата ја започнува при крајот на 80-тите и досега има остварено бројни успеси, а своето детство го поминал во Лабуништа, едно од најубавите македонски села кое се наоѓа во близина на Струга.
Како изгледал Наум на почетокот од својата кариера и која е песната со која преку ноќ стана познат, потсетете се тука.