NEWSВести

Пазарење низ Скопје за стари лица од 300 до 500 денари за час: Кога грижата за старите стана услуга по цена

Advertisement

Скопјанецот Столе Ѓорѓиевски од Дебар Маало преку објава на својот фејсбук профил порача дека е достапен за бесплатно пазарување за стари лица кои имаат потреба од овој вид на помош. Тој алармираше дека нечовечно е да се наплаќа висока сума за овој вид на услуга како што е случај низ Скопје.

– Само што ми искочи во една група за помош, дека пазарење за старо лице чинело од 300 до 500 денари за час. Веќе одамна гледам дека ја изгубивме емпатијата и човечноста, и дека гледаме од сѐ да направиме ќар и бизнис, па почнавме размислуваме како што ни наложува капитализмот… Од мал ме учеа да почитувам стари лица, впрочем така ги воспитувам и моите деца, искрено се надевам дека ланецот така и ќе продолжи. Ние сме хумана нација, ние почитуваме, љубиме и се грижиме, стварно не знам каде забегавме толку во последно време… Нејсе, сакам да соопштам дека сите стари лица во моја близина – округот на Дебар маало, кои имаат потреба за пазарење, може слободно да ме исконтактираат. Ќе одвојам час или два, секој ден после 17:00, и заедно со децата можам да испазарам, и да им излезам во пресрет. БЕСПЛАТНО! – соопшти тој во објава на социјалните мрежи што покрена верба дека човечноста не е изгубена.

Advertisement

– Дали било Пазар, Супермаркет, Аптека, што и да треба, тука сум. Се надевам дека ќе се освестиме и ќе им помагаме на оние кои сме им најпотребни, сите имаме мајки, татковци, баби и дедовци… Посетете ги старите лица во вашето соседство, ако не им треба помош – барем поздравете ги, прашајте ги како се, сигурно ќе бидат пресреќни. Ние сме на потег, да оставиме подобар свет за нашите деца! – гласи неговиот статус.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button