CelebrityНовости

Познатиот пејач доживеа ужасна сообраќајка, со него била сопругата – автомобилот „крш“, деталите се менуваат од час во час

Во автомобилот бил заедно со сопругата. Мајка му се крсти што воопшто преживеале.

Advertisement

Познатиот фолк-пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ ноќеска доживеаја тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нов Белград. Според првичните, неофицијални информации кои ги пласираат српските медиуми, во моментот на судирот пејачот имал повеќе од 1,9 промили алкохол во крвта, иако самиот Лазиќ тоа категорично го негира.

принтскрин инстаграм

Очевидец на настанот, Милена С., за српскиот портал „Република“ изјавила дека призорот бил морничав.

Advertisement

„Воздушните перничиња беа отворени, а видов и возач кој со рака го брише лицето, изгледаше како да ја трга крвта што му влегуваше во очите и устата. Се наежив од глетката, не препознав дека станува збор за Дарко Лазиќ – вели очевидката.

По несреќата, пејачот се огласи за српски „Блиц“ и потврди дека се здобил повреди на главата, за кои му биле ставени 15 конци, но нагласи дека не бил под дејство на алкохол или други супстанции.

„Изгубив контрола над возилото поради дождот. Автомобилот занесе и удрив во автобус. За среќа, никој не беше во автобусот, ниту пак има други повредени. Моја сопруга е добро, јас имам повреди на главата, но ништо страшно. Сакам да истакнам дека немав алкохол ниту недозволени супстанции во организмот – рече Лазиќ.

Advertisement

Тој дополнително објасни дека кратко време бил во безсознание и дека тогаш бил раздвоен од сопругата, но најважно за него е што двајцата се надвор од животна опасност.

Од страшната сообраќајка се потресе и неговата мајка, Бранка Лазиќ, која за српските медиуми изјави дека единствено ѝ е важно што нејзиниот син и снаа се живи.

„Да не се повтори никогаш. Добро се и двајцата, тоа ми е најважно. Не можам ни да зборувам, само важно е што се живи“.

Инцидентот предизвика големо внимание во јавноста, а медиумите веќе објавија и снимки од местото на несреќата. Истражните органи ќе ги утврдат точните околности под кои дошло до судирот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button