MAMAБебињаДом и семејство

Овој македонски град пишува нова бебешка рекордна година – 11 нови малечки за само еден ден и безброј насмевки

Advertisement

Во еден ден, во Кавадарци се родија 11 новороденчиња, соопшти д-р Гордана Ѓорчева-Камчева од Градската амбуланта и Општа болница Кавадарци. Фотографијата на која болничкиот персонал држи бебиња во рацете, ја израдува јавноста и предизвика насмевки кај граѓаните.

-Најубавата оаза на радоста во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, одделот за гинекологија и акушерство. Таму, каде што животот почнува, не пречекаа 11прекрасни мајки и 11најслатки бебиња – симбол на нови почетоци, надеж и љубов. Секоја мајка носи храброст и сила, а секое бебе светлина и иднина. Животот е најубав кога се споделува радост, а денес ја почувствувавме во најчистата форма, пишува на својот Фејсбук профил Камчева.

Advertisement

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци во последниот период бележи континуиран напредок. Минатата недела, по 35 години, беше комплетно реновирана операционата сала на гинеколошко-акушерското одделение.

Исто така, на 7 септември болницата соопшти дека е родено 150-то бебе во 2025 година, што претставува значителен успех за здравствените услуги во овој регион.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button