Призна дека има ново момче, а сега со чудната порака ги загрижи сите – што се случува со Анета?!
„Оние кои немаат мир во себе, прават хаос во туѓи животи“

Пораката ги изненади нејзините фанови
Познатата пејачка Анета Љумаковска овие денови е во фокусот на јавноста заради признанието дека има ново момче.
Таа неодамна сподели прва фотографија на која е со партнерот, па нејзиниот љубовен живот веднаш беше ставен под лупата на јавноста, посебно откако откри дека е во врска со колега.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, Анета веќе некое време плови во љубовта со музичарот Рубин Размо од Прилеп, а оваа врска ги изненади сите.
Но пејачката сега со својата нова објава повторно ја заинтригира јавноста, а најмногу оние што ја критикуваат.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Оние кои немаат мир во себе, прават хаос во туѓи животи“, напиша Анета на својот профил на Инстаграм.
Иако не напиша конкретно за кого се однесува пораката, многумина сметаат дека е упатена до сите оние што ја „хејтаат“ на социјалните мрежи и брутално ја напаѓаат за нејзините одлуки во животот.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Некои од овие коментари што пејачката ги добива навистина се недолични и ги преминуваат сите граници на пристојноста, па и покрај тоа што таа навистина знае да се носи со бремето на популарноста, повеќе од очигледно е дека овој пат ѝ дошло преку глава.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета повеќе од две децении беше во брак со Џими Мицевски, но пред две години решија да се разведат.
Тие ставија точка на нивниот заеднички живот и секој продолжи на своја страна, а по разводот пејачката често се соочуваше со недолични коментари за што во една пригода изјави:
„Уште кога почнав да се занимавам со оваа работа знаев дека треба да се збогувам со приватноста и дека ме чека тежок пат на кој морам да се соочам со многу озборувања, вистини, невистини, недолични коментари , но тоа не значи дека јас не треба да ја почитувам мојата публика. Никој не знае што ми е на душата, дали сум расположена или едноставно треба да се дотерам да се нашминкам да ја наместам насмевката на лицето колку и да ми е тешко во тој момент и да се појавам на бина без разлика дали е јавен настап или приватна веселба и да го одработам тоа како што ми доликува“, изјави во една пригода Анета за Гламур, неколку месеци по разводот од поранешниот сопруг.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
„За разводот нема што да зборувам тоа е дел од мојата приватност, се случи тоа што се случи и свесни сме сите дека се што се случува е со некоја причина која што само еден Господ ја знае. Кога не оди нешто треба да се прекине и да се продолжи понатаму , бидејќи животот е еден и е многу краток и треба да се проживее како ние ќе посакаме“, сподели потполно искрено Анета тогаш.
Целото интервју со неа прочитајте го тука.