Наши ѕвезди

Борче е Министер за естрада и сите го знаеме, но ќе се ИЗНЕНАДИТЕ и од неговиот брат од Америка

Неговиот брат е наш познат актер

Advertisement

Ќе се изненадите од овие информации

И покрај неговата долга и успешна музичка кариера, малкумина знаат дека пејачот Борче Наумовски има и познат брат.

Advertisement

Имено, Борче важи за еден од најпознатите фолк пејачи, но идентитетот на неговиот брат за многумина е мистерија.

Приватна архива

А всушност станува збор за многу познат лик, посебно во светот на театарската и филмската уметност во Македонија.

Advertisement

Борче кој заради својот препознатлив имиџ меѓу колегите од естрадата е познат и како Министер за естрада, е миленик на публиката, кој со својот опуштен стил и позитивна енергија ја освојува публиката.

Приватна архива

Тој е омилен и меѓу колегите, па така со него секогаш е пријатно и забавно, па многу музичари сакаат да соработуваат со него.

Приватна архива

Тој денес е семеен човек и има три ќерки, а живее во Битола иако од самото раѓање има австралиски пасош.

Приватна архива

Имено, Борче е роден во Австралија, а во оваа земја е роден и неговиот брат, кој исто така е познат во јавноста.

Станува зор за актерот Тони Наумовски, кој веќе долго време живее и работи во Америка, кај нас познат по бројни улоги.

Приватна архива

Тони дипломираше на Националната академија за театарски и филмски уметности во Софија, Бугарија, а во 2003 година, магистрираше театарски студии на Универзитетот Нов Јужен Велс, во Сиднеј, Австралија, под водство на познатиот професор од Оксфорд, Џим Дејвис.

И тој како мал пораснал со музика, пеејќи и свирејќи на тапани, а зборува повеќе јазици, но, како што вели, се уште брои на македонски.

Приватна архива

Минатата година беше актуелен и по улогата на Владимир во филмот „Лена и Владимир“ со кој собра бројни награди.

Има освоено и многу други интернационални награди со различни филмови и проекти, а важи за мошне скромен човек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Naumovski (@naumovskitony)

Тони исто како и неговиот брат, ја обожава нашата изворна музика, за која вели дека носи нешто исконско, длабоко и безвременско.

На прашањето кој му е омилен аспект од македонската култура и што е она што најчесто го презентира пред интернационалната публика, Тони во една пригода, за Гламур магазин го изјави следново:

„Изворна музика. Често се шегувам и велам дека во Македонија не е прашање дали пееш, туку колку добро умееш да пееш и ако дистонираш веднаш ти го одземаат државјанството. Богатата историја и, се разбира, буковската пипер“, ни откри во една пригода во шега Тони.

Тој потоа повторно потенцираше дека најмногу емоции му предизвикува токму изворната музика. „Како цела колективна меморија на нашите предци да е собрана во една точка“, вели тој, а потоа додаде и која македонска музика најмногу сака да ја слуша.

„Обожавам да ја слушам мајка ми Зора, која што низ сплет на животни околности, за жал, никогаш не се определи за таа кариера, но кога таа пее и боговите молчат“, сподели Тони неодамна за Гламур, па заклучи:

„По неа е брат ми Борче Наумовски. Тој е Моцарт за нашата македонска и балканска музика; изворна, строградска, народна, забавна…Есма, Тоше, Каролина, Калиопи, Љубојна, Фолтин, Тони Китановски, Некст Тајм, Горан Бојчевски, Влатко Стефановски, Драган Даутовски, Дуке Бојаџиев, а последно време и Мики Секуловски“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Naumovski (@naumovskitony)

Целото интервју со Тони прочитајте го тука..

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button