Електроинженер од Македонија направи лом во Гранд – „Вистински мангуп“ му порача оперската дива
Виктор беше дојден со неговите родители, а големо внимание привлече и неговата сестра која исто така беше во студиото.

Шармантниот пејач ја освои и публиката и жирито
Виктор Димитриевски им 47 години и е од Куманово, а во „Никогаш не е доцна“ ги воодушеви сите со својот настап.
Виктор по струка е дипломиран електроинженер и работи како консултант за енергетска политика во реномирана енергетска компанија, но музиката му е најголем љубов и мерак во животот.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тој пред жирито и публиката се претстави со песна од Чолиќ, „Мангупска“, и со својата изведба ги воодушеви сите.
Неговиот настап прв го коментираше оперската дива Љубица Врањеш, која не ја тргаше насмевката додека тој настапуваше.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Вистински мангуп, одлична интерпретација и кореографија, сé ми се допадна“, изјави таа, а Никола Роквиќ додаде:
„Ги сакам Македонците, полни се со радости и позитивна енергија и сето тоа успеа да го пренесе и на нас“ изјави Никола.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Сличен коментар имаше и Маре, кој исто така го пофали натпреварувачот, а Жика Јакшиќ откри и еден детаљ што сите ги насмеа.
Имено, Виктор одвај чекал да може д се пријави во шоуто, бидејќи претходно не го исполнувал условот, да е постар од 45 години.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Но затоа во шега им кажал дека ќе се пријавува секоја година додека не го изберат, па сега Жика му се обрати:
„Виктор, ме насекира со оваа твоја пријава. Прво еднаш, па втор пат, но потоа прочитав дека ќе се пријавуваш секоја година додека не те примиме. Па си кажав подобро веднаш, да те тргнам од вратот, а не да ми испраќаш пријави секој ден, и драго ми е да си тука. Оваа шега многу допринесе да се најдеш во шоуто“, изјави Жика.
Настапот на Виктор погледнете го во продолжение:
Виктор беше дојден со неговите родители, а големо внимание привлече и неговата сестра која исто така беше во студиото.
Пејачот ги насмеа сите и кога откри зошто не е дојдена неговата сопруга, а како сето тоа изгледаше, погледнете во видеото.