Вести

Во среда е голем празник: Мажите треба да направат една работа за своите сопруги!

Advertisement

Православната црква и нејзините верници во среда, 24 септември го слават денот на света Теодора, која успеа да ги искупи своите гревови иако го изневеруваше својот сопруг.

Теодора била светица која живеела во петтиот век пред нашата ера во Александрија. Го изневерила сопругот а на прељуба на убедила бајачка…

Advertisement

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев.

Избркана од манастирот, таа седум години помина пребивајќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница. Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот ѝ да му се врати – затоа што сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, сето тоа исчезнуваше како чад.

По седум години, игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господа. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави Ангел и сè му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести, изведе вода во сув бунар.

Advertisement

Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490. година.

Христијанството исто така проповеда дека на овој ден мажите треба да најдат сила да им ги простат гревовите на своите сопруги, како што тоа го направил сопругот на Теодора.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button