БизнисВести

Ново правило во рестораните – Ако не изедете се на чинијата плаќате казна

Advertisement

Во обид да го ограничи фрлањето храна, суши ресторанот „Јуоки“ во Штутгарт додаде надоместок на својата сметка за гостите кои нема да изедат сè што е на чиниите.

Ресторанот им овозможува на гостите да консумираат онолку суши колку што сакаат во рок од два часа.

Advertisement

Исто така, ресторанот „Јуоки“ наплаќа 1 евро за целата преостаната храна на чинијата. Ова правило е дел од нивната политика наречена – „јади или плати“.

Овој ресторан практично ги „казнува“ гостите за остатоци од храна.

– Нашиот принцип е – јадете колку што можете, а не – фрлајте колку што можете – рече сопственикот Гуоју Луан за локалниот весник Stuttgarter-Zeitung.

Advertisement

View this post on Instagram

A post shared by Steffen Link (@8888steff8888)

Луан проценува дека веќе собрал од 900 до 1.000 евра (1.133 долари) како дел од неговата кампања и вели дека ќе ја донира сумата во добротворни цели, објавува CNTraveler.

Покрај овој ресторан, неколку други места низ Германија имаат слични правила кога станува збор за фрлање храна.

Друг јапонски ресторан, „Окинии“ во Дизелдорф, во 2013 година објави дека ќе им наплаќа на гостите 1 евро за остатоци од храна, а кинеско-монголскиот ресторан „Хималаја“ во Северна Рајна-Вестфалија наплаќа 2 евра ако на чинијата останат повеќе од 100 грама храна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button